Kontejnerizacija kako sovremena
transportna tehnologija (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 16 | Nivo: Tehnički fakultet, Bitola
АПСТРАКТ
Во оваа семинарска работа е опфатен процесот на
контејнеризација како современа транспортна технологија која овозможува
порационален, поекономичен и ефикасен транспорт на стока. Контејнеризацијата
овозможува користење на стандардни превозни средства, при што во текот на
превозот на стоката на самите превозни средства се овозможува брзо и сигурно
прицврстување на контејнерите.
1. Поим за контејнер и контејнеризација
Контејнерите се посебни направи, преносни
садови, транспортни садови, склопно – расклопни садови, подвижна транспортна
опрема и останата слична конструкција, која треба да ги исполнува следните услови:
Потполно или делумно затворени, со што
сочинуваат простор за сместување на стоката, со најмалку една врата.
Конструирани така да се овозможи брзо, сигурно и
едноставно полнење и празнење.
Конструирани така да се забрза процесот на
транспорт на стоката со едно или повеќе превозни средства, без индиректни
претоварни операции.
Опремени со уреди за брзо, сигурно и едноставно
ракување и ман- ипулирање, кога станува збор за претовар од едно на друго
превозно средство.
Изработени од стабилен материјал и доволно
цврст.
Отпорни на временски неприлики и прикладни за
повеќекратна употреба.
Изработени со запремина од најмалку еден кубен
метар.
Контејнерот не е ни средство за пакување, а не е
ни транспортно средство, меѓутоа се смета како дел од транспортното средство,
кој претставува простор стандардизиран за сите гранки на превоз. Најважни
задачи на контејнерот се: да се користи како манипулациско - транспортна
единица на стоката, да се користи како складишна, паковна, како и останата
карика во непрекинатиот процес на транспортниот ланец од произведувачот до
потрошувачот (од врата до врата).
Контејнеризацијата претставува множество на
меѓусебно организациски поврзани средства за работа и технолошки постапки за
автоматизирано манипулирање и транспорт на окрупнети товарни единици –
контејнери од суровинската база до потрошувачот. Контејнеризацијата после
пакетизацијата и палетизацијата, претставува прва современа транспортна
технологија, која во последните педесетина години се афирмирала во сите земји
во светот. Контејнеризацијата најуниверзално и нејрационално ги поврзува
поединечните парчести стоки во окрупнети товарни единици – контејнери со стока
и овозможува воспоставување непрекинат транспортен ланец од суровинската база
до потрошувачот.
OPENTOP CONTAINER
2. Најважни цели на контејнеризацијата се.
Квалитативно и квантитативно максимизирање на
техничките, технолошките и економските ефекти во процесот на производството и
потрошувачката.
Максимизирање на ефектите од работењето на
креативните и оперативни менаџери во составот на контејнеризацијата.
Обединување на парчестиот товар во сандаци,
картони, бали, вреќи, гајби, и слично во поголеми стандардизирани манипулациско
- транспортни единици.
Сигурно, брзо и рационално манипулирање и превоз
на стоката.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!